Се поизвесно е дека минималецот од март ќе се зголеми за законските 2.000 денари, а не како што бара Синдикатот за најмалку 5.000 денари, објави ТВ Сител.

Комисијата која треба да ја утврди репрезентативноста на ССМ, се уште не е формирана, а без неа ССМ нема легитимитет да преговара. Премиерот Христијан Мицкоски најавува нејзино формирање на следната или на некоја друга седница и не гледа причина минималната плата да се утврди истиот месец кога ќе почне и да се применува.

– Минималецот може да се донесе и во март, бидејќи се исплаќа на почетокот на април. Ако се заврши со договор меѓу работодавачите и синдикатот, нема никаква дилема, вели Мицкоски.

Од ССМ се песимисити. Не веруваат дека нивните заложби за 450 евра минимална плата, газдите се подготвени да ја исплаќаат. Најверојатно од сегашните 22.567 денари минималецот ќе скококне на 24.400 денари.

– Од последниот социо-економски совет, станува се позивесно дека работодавачите и владата нема да исплаќаат поголема минимална плата од 400 евра, односно онолку колку што е соглансо законот, изјави Иван Пешевски, потпретседател на ССМ

Репрезентативноста на ССМ истече на крајот на декември.

Извор: ТВ Сител