Македонската министерка за одбрана Славјанка Петровска утрово пристигна во посета на Украина, во знак на поддршка на украинското лидерство и украинските граѓани во борбата за одбрана на својата земја и зачувување на својот суверенитет.
– Петровска во Украина при средбите со претставници на официјален Киев, ќе го пренесе ставот кој С. Македонија го имаше од самиот почеток на руската агресија, а тоа е дека С. Македонија целосно го поддржува украинскиот суверенитет во своите меѓународно признати граници и дава поддршка на правото на Украина за самоодбрана. Воените дејствија, уништувањата и страдањата на украинскиот народ, мора да запрат, се наведува во соопштението од Министертсвото за одбрана.