Мал чекор назад направи новиот министер за правда откако доби експресно предупредување од поголемите коалициони партнери дека внесувањето на Бугарите во Уставот не треба да се оптоварува со други процеси.

– Приоритет над приоритетите е во преамбулата да се вметнат сите помали заедници, а ако се отвора Уставот моја идеја е за сите овие празнини во Уставот да може соодветно да добијат решение. Тоа не е идеја од партија, тоа е идеја од Министерството за правда, со професори и експерти ние седнавме и кажавме, бидејќи се отвора Уставот а не се отвора секојдневно добро би било сите овие празнини кои беа отворени во изминатите години да добијат решение, рече Лога на денешниот брифинг со новинарите.

Премиерот Димитар Ковачевски и денеска повтори дека не се откажува од уставни измени, постапка која треба да финишира со гласање во Собранието за кое власта во овој момент нема обезбедено мнозинство

Но ВМРО-ДПМНЕ нема да биде единствениот проблем на власта да дојде до двотретинско мнозинство. Како што објави ТВ Сител, тазе опозиционерската Алтернатива најавува свои амандамни со кои ја условува поддршката, а за својот глас официјализирање на албанскиот јазик ќе бара и БЕСА