Во емисијата „360“ степени министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски не демантира дека има амбиција да го замени Ковачевски од позицијата претседател на СДСМ.

Имено додека новинарот го праша Спасовски: „Може ли да кажете демантирам, одрекувам, ставам точка, немам амбиција да бидам ниту кандидат за шеф на државата, ниту лидер на СДСМ“, тој вели дека новинарот може да го праша било што, а како тој ќе одговори е негово право.

„Тоа право не ви го препуштам на вас како новинар. Мислам дека ви дадов многу јасни и концизни одговори во однос на тоа“, вели Спасовски.

По ова новинарот констатираше дека министерот не демантираше и дека има амбиции.