Министерството за култура денеска по повод реакциите во јавноста за дивеењето на навивачката група Шверцери во новиот објект на МНТ се огласи со соопштение во кое наведува дека до дирекцијата на Театарот не било најавено присуство на таа група, туку само одбележување на Денот на албанската азбука и проекција на документарен филм.

– Сметаме дека во институциите треба да има однесување како што налагаат кодексите за однесување во една институција од областа на културата. Во МНТ во петокот било најавено одржување два настана, свеченото одбележување на Денот на албанската азбука и проекција на документарен филм, но до дирекцијата на МНТ воопшто не било најавено присуството на навивачката група, се вели во соопштението од Министерството за култура.

Во јавноста имаше реакции откако беа објавени видеа за насилничко однесување на навивачката група во МНТ.