Министеркста за одбрана Славјанка Петровска и Министерството за одбрана информира дека пристигна воен конвој со нови возила на Армијата – лесни оклопни возила JLTV Oshkosh, кои се од американско производство.

-Лесните оклопни возила JLTV се дел од процесот за модернизација и опремување на Армијата на Македонија согласно НАТО стандардите и ќе бидат поддршка на Лесната пешадиска баталјонска група во Штип, која воедно е нашата НАТО единица, соопшти денеска МО.

Проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“ е започнат во 2019 година со склучување договори помеѓу владите на РепубликаМакедонија и САД. Досега се пристигнати 32 возила од овој тип.

– Новите лесни оклопни возила JLTV Oshkosh, наменети за Армијата, пристигнаа во штипската касарна. Забрзано ја модернизираме Армијата со најнова и најсовремена опрема. Лесните оклопни возила JLTV се дел од процесот за модернизација и опремување на Армијата на РС Македонија согласно НАТО стандардите и истите ќе бидат поддршка на Лесната пешадиска баталјонска група во Штип, која воедно е нашата НАТО единица. Пристигнува уште еден конвој, со што ќе располагаме со 32 возила од овој тип, објави Петровска на својот профил на Фејсбук

Видеото може да го отворите ТУКА.