Премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на АД Македонска пошта, Орхан Куртиши, денеска ќе присуствуваат на промоција на 100 нови возила, за потребите на АД „Пошта на С. Македонија“.
Настанот, како што информираат од Министерство за транспорт, ќе се одржи на паркинг просторот пред СРЦ Борис Трајковски.
По настанот предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.




