Министерот за одбрана на Австрија Томас Штарлингер предупреди дека војската веќе не е во состојба да ги штити граѓаните, само неколку недели откако предизвика силна реакција во јавноста со предлогот, поради недостиг на средства, да се укине претставувањето на Војската на Австрија на Денот на државноста на 26 октомври.

Министерот во експертската Влада укажа дека војската уште сега не може да се одбрани од кибер напади, како и дека веќе не е можна долгорочна заштита на критичната инфраструктура.

Тој проценува дека и војската за 18 месеци веќе нема да биде во состојба да ги плаќа сметките. Штралингер посочи дека војската може да штити можеби само едно од 256 критични објекти.

Кога станува збор за кибернападите, војската уште сега нема никаква заштита, а во случај на намерно предизвикано снабдување со струја и касарните ќе бидат во мрак, со оглед дека веќе не се одвоени од цивилното снабдување.

Со оглед на тоа дека војската нема ни свои бензиски пумпи, таа би била целосно парализирана. Што се однесува на воздушната одбрана, министерот истакна дека доколку некој сака илегално да ја прелета Австрија само треба да чека да се смрачи, бидејќи тогаш нема речиси никаков надзор на воздушниот простор.