Заедно со генералниот секретар Игор Јанушев имавме одлична средба во Општинскиот комитет Шуто Оризари каде што можевме да видиме мотивирани луѓе кои сакаат да има промени и што поскоро да си замине оваа ненародна власт. Веќе секој знае дека оваа влада набрзо ќе падне, затоа вратите на ВМРО-ДПМНЕ се отворени за сите добронамерни граѓани да ни се приклучат и сите заедно да тргнеме кон нашата заедничка цел, а тоа е ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНИЈА, објави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на својот Фејсбук профил.
Коментирај
|
12
|