Владо Мисајловски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа во врска со црната листа на САД рече дека одговорите се во Стејт Департментот и дека партијата има јасни ставови за Јанева и Јакимовски.

– Од очекувањата од СЈО, излезе дека тоа е само еден голем прогон. Ова листа што ја прави САД, нивниот процес само тие го знаат и ова можеби е очекувано со оние постапки што ги започнаа, особено правосудството е со најнизок рејтинг. Корупцијата е на највисоко ниво. Довербата на граѓаните е уште помала кон судството. Нема завршница за било кој случај. Овие постапки не се од денес за утре. Имавме најави од владини функционери дека има подготвено листи за на црната листа. Гледаме дека луѓе од власта се појавуваат на тие листи. Зошто судските инстанци немаат постапки за тие лица? За сите оние процеси што се водат и ако однадвор доаѓа целото влијание на кого да се води, тогаш зошто би имале судство и правосудство. Реакциите од САД се поради тоа што не функционираат институциите. Не сме против Законот за рестриктивни мерки, треба да се разговара за тоа – рече Мисајловски.