Мојот одговор беше на вашата теза дека ние сме дозволиле како Влада, не знам како, да влезе лицето Давор Мацура и „Алта Банка“ Србија во Македонија. Патем, ич не ми е гајле дали Мацура бил во затвор, ниту пак дали „Алта банка“ во Србија банкротирала или не. Воопшто не се грижам, му одговори на денешната надзорна расправа премиерот Христијан Мицкоски на прашање на пратеникот на СДСМ Венко Филипче.

-Мојата теза е дека во 2023 година, владата на СДСМ и ДУИ донеле одлука со кое што го задолжиле државното правобранителство да стапи во комуникација со истото ова лице Давор Мацура и Алта банка Србија и да влезе и да влезе во деловни односи со Алта банка, рече Мицкокси.

Владата на СДСМ и ДУИ уште во 2023 му наложило на народното правобранителство да влезе во деловни односи со лицето Давор Мацура и „Алта банка“ Србија, откри премиерот Мицкоски.

-Вие во 2023 година, односно вашата влада г-дине Венко Филипче, односно вашата и на ДУИ на предлог на министерот од ДУИ, Фатмир Бесими му наложува на народното правобранителство да влезе во деловни односи со лицето Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“ Србија и да ги оттуѓи акциите, сопственост на Македонија која што ги има во банката која што ја купува Давор Мацура, односно „Алта банка“, истакна Мицкокси, притоа доидавајжи дека:

„Многу пред да дојде „Алта банка“ во Македонија вие како Влада воспоставувате деловни односи со тоа лице. Дали во 2023 година немало руски капитал, немало криминални пари, незмам кој бил овај… тоа е мојата теза, контра теза на вашата теза дека ние сме дозволиле а во суштина вие многу порано сте знаеле и сте ја довеле државата во деловни односи со ова лице и со неговиот капитал“.

„Г-дине Филипче ако не знаета, ако не сакате да помогнете на Стопанска банка Битола, на штедатите и доверителите немојте да одмагате, оставете на луѓето како нас кои што си ја сакаат оваа земја си ги почитуваат граѓаните да најдат решение и да помогнат банката да се задржи, да добие нов сопственик и тој сопственик и понатаму тој сопственик да прави со банката она кое што тој мисли му е бизнис логика, ние на тој начин како државотворна Влада се трудиме на тој начин да ги решаваме работите, затоа најлубезно ве момал, ако не сакате или не знаете оставете на тие што знаат, порача премиерот Христијан Мицкоски на надзорната разправа во Собранието за Алта банка“ Битола.