Младите Македонци од Егејскиот дел на Македонија го креваат својот глас за почитување на нивните основни човекови права и слободи.

Потврда за тоа е Софија Поурдас, потпретседателка на младинската организација на Виножито, која присуствуваше на пролетната конференција од велшката партијата Plaid Cymru.

Поурдас e активист и борец за македонското малцинство во Грција. За време на конференцијата на Plaid Cymru таа имала средби со повеќе британски и европски политичари и ги запозна со проблемите со кои се соочува македонското малцинство во Грција.