Одлета „хеленската табла“ што деновиве ја поставија општинските служби во Прилеп на споменикот од Александар Македонски, во акцијата на Владата на Зоран Заев за отстранување на Сонцето од Кутлеш од јавните објекти и поставување табли со натпис дека се грчки античките споменици во Република Македонија.

– Успешно полета таблата! Успешно отстранета „хеленската“ табла на споменикот на Александар Македонски во Прилеп. Ајде Македонци, ајде да продолжиме со отпорот. Црвено-жолтиот отпор продолжува, Македонија на Македонците. Да живее Македонија, објавија на Фејсбук Млади за Македонија.