Со добиен датум за преговори од Европската Унија, како членка на НАТО и со одлични економски параметри, шансите на избори ви се никакви, и порача денеска на опозицијата премиерот Зоран Заев од собраниската говорница.

– Ние постоиме за државата, за неа работиме. Ќе го исполниме целиот мандат и до крајот на 2020 година ќе и дадеме на економијата да оди напред, испланирано е и бројките ќе бидат уште подобри. Опозицијата тоа го знае. Со датум за преговори за ЕУ, како земја членка на НАТО, и со добри економски параметри, вашите шанси се никакви за изборите, порача Заев, на барањата од опозицијата оставка и предвремени избори.

Тоа го кажа Заев на денешното продолжение од собраниската говорница на седницата за избор на нови министри и заменици министри.