Три лица, меѓу кои и дете биле удрени од автомобил вчера во оридско.

„Во 19:30 часот на ул. „Илинденска“ во село Велгошти, охридско, патничко моторно возило „лада нива“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот В.Д. од село Велгошти, удрило во пешаците Ц.С.(26), Ј.С.(24) и дете. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ц.С., а со телесни повреди се здобила Ј.С. и биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Додека, кај детето не биле констатирани повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Охрид“, информира МВР.