Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Албанија.

Министерство за образование и наука соопшти дека целта на посетата е да се унапреди и интензивира веќе воспоставената соработка во областа на образованието помеѓу двете земји.

– За време на посетата министерката Царовска ќе има поединечни средби со албанскиот министер за образование, спорт и млади Евис Куши и со пратеникот во парламентот на Албанија Васил Стеројвски, информира МОН.