Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед и Челзи, Жозе Мурињо е подготвен да седне на преговарачка маса за тренерскиот пост во Њукасл со новиот сопственик, шеикот Халед бин Зајед Ал Нехајан, ако добие повик за тоа.

Луѓе кои го претставуваат шеикот, се блиску до купување на клубот од сегашниот сопственик Мајк Ешли, а договорот се очекува да биде официјално завршен до неколку недели.

Сегашниот тренер на тимот, Рафаел Бенитез води преговори со месеци со старото раководство, но така и не постигнал договор до овој момент за продолжување на својот договор.

Мурињо пак одговори на прашања поврзани со ваквата перспектива, изразувајќи се позитивно за тимот и ја истакна својата врска со клубот од северот на Англија, која пак минува преку неговиот ментор во професијата – Боби Робсон.

– Би сакал да одам таму. Ми се допаѓа идејата да се оди во домот на г-дин Робсон. Ми се допаѓа ова чувство, ми се допаѓа стадионот, ми се допаѓа атмосферата таму. Тие се одлични, имаат многу ентузијастички фанови, рече Мурињо, со штоги засили гласините за таква изненадувачка можност.