Во текот на вчерашниот ден спроведена е зајакната акциска контрола на автопатот Скопје-Куманово и магистралниот пат Арачиново-Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 144 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од вкупно 144 санкционирани возачи, 84 се движеле со брзина над дозволената надвор од населено место, а 60 возила се движеле со брзина поголема од дозволената во населено место.

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.