Дваесет и деветгодишна девојка утрово е пронајдена почината во нива во Волково.

-На 22 февруари 2019 година во 9:50  часот било пријавено дека има починато женско лице во нива што се наоѓа во непосредна близина на последната автобуска постојка во село Волково, информира портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Тој потврди дека на местото излегле полициски службеници и било констатирано дека се работи за лицето М.Ѓ (29) од Скопје, а смрт без видлвии траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било пратено на обдукција.