Полицијата ноќеска спровела акција на повеќе локации во Скопје за сузбивање на трговија со дрога, потврдија од МВР.

Синоќа доцна во ноќта хеликоптер надлетуваше делови од градот, најверојатно како поддршка за акцијата.

Според првичните информации, претресени се повеќе локции и домови во Гази Баба, Арачиново и Сингелиќ, а има и приведени лица.

Повеќе детали за акцијата МВР најави дека ќе соопшти во текот на денов.