Казнет возачот кој со возило се движеше по Камен мост во Скопје, соопшти денеска МВР.

– Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на вчерашниот ден (25.04) е санкциониран И.А. (68) од с. Чегране, Гостивар, кој со патничко возило се движел по Камениот мост во Скопје. Изречени му се мерки поради движење спротивно на сообраќаен знак, паркирање во пешачка зона и истечена важност на сообраќајна дозвола, објави МВР.

Како што објавивме пред неколку дена, несовесен возач со БМВ со гостиварски таблички беше фотографиран како со своето возило вози преку плоштадот Македонија и преку Камениот мост кој е пешачки и забранет за сообраќај.