Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изрече вкупно 212 санкции, меѓу кои и 51 за возење со брзина поголема од дозволената и 13 за возење без возачка дозвола.

Како што информира МВР, изречени се и 36 санкции за прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, девет за користење мобилен телефон, пет за возење под дејство на алкохол, пет за непрописно престројување и 60 казни за непрописно паркирање.

– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се додава во соопштението на МВР.