Вкупно 332 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 109 прекршоци, се изречени од страна на МВР во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциските контроли во областа на сообраќајот, на територијата на град Скопје.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, меѓу останатите казни се: 48 за технички неисправни и нерегистрирани возила, санкционирани се 20 мотоциклисти, а изречени се 37 казни за неносење на заштитна маска.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведуваат од МВР.