По однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 306 прекршоци во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија.

Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.

Во изминатиов период дневно беа казнувани и по неколкупати повеќе отколку вчера. Дали сега полицијата помалку казнува или граѓаните повеќе ја почитуваат мерката за носење маска засега е непознато.