Четириесет и седум возачи во Скопје возеле побрзо од дозволеното, а седум под дејство на алкохол.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека акциската контрола е спроведена во текот на вчерашниот ден при што се изречени вкупно 105 мерки. Меѓу нив, и три за возење без возачка дозвола и 29 за непрописно паркирање.

– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.