Вкупно 230 мерки се изречени на територијата на Град Скопје, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден.

МВР денеска соопшти дека од вкупниот број, 15 казни се изречени за возење без возачка дозвола, 16 се санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 77 санкции за непрописно паркирани возила и 29 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли најавуваат од МВР, продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.