Во текот на изминатото деноноќие (меѓу 6 и 7 ноември) на територијата на државата, полицијата регистрира 436 прекршоци на мерката за носење лична заштита на лице, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР во соопштението воедно апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.

Како што веќе објавивме во истиот период вчера кога граѓаните се казнувани, во Македонија се регистрирани нови 1.128 лица позитивни на тестот за коронавирус.