Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава по однос на мерката за носење лична заштита на лице се регистрирани 755 прекршоци.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.