Само на територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 515 мерки, меѓу кои 42 за возење без возачка дозвола, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот што ги спроведува Министерството за внатрешни работи.

Од МВР денеска соопштија дека 37 санкции се за технички неисправни и нерегистрирани возила, 113 санкции за непрописно паркирани возила, осум за управување под дејство на алкохол, а 71 возило се подигнати со „пајак“. За неносење заштитна маска изречени се 36 санкции.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, подвлекуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.