Триесет и тригодишен жител од струмичкото село Мокрино доби кривична пријава поради упатување закани кон премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и неговото семејство преку социјалната мрежа Фејсбук, соопшти МВР.

Од полицијата соопштија дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднел кривична пријава против Д.П.(33) од село Мокрино, Струмичко поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Пријавениот со употреба на корисничко име „Андон Косето“ на социјалната мрежа Фејсбук споделил објава со чија содржина упатил закана кон премиерот на Р.Македонија и неговото семејство.