Полицијата поднесе кривична пријава против Д.В.(42) од кумановското село Агино Село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ и „загрозување на сигурноста“.

Пријавениот, како што соопшти денеска МВР, на негов профил на социјалната мрежа фејсбук објавил текст со заканувачка содржина со кој повикувал на насилство кон пратеници.