Утре, во 12:30 часот, во Охрид, ќе биде реализирана демонстрација на заедничка Оперативно-тактичка вежба „ХАРПУН 2022” од страна на припадниците на Специјалната Антитерористичка единица „Тигар“ од РС Македонија и Специјалниот одред за борба против тероризмот од МВР на Република Бугарија, во содејство со Одделот за воздухопловни единици при МВР на РСМ, соопшти МВР на Македонија.

– Ова е втора заедничка вежба од ваков вид за оваа година, по вежбата која се одржа во јуни 2022 година во Софија, објави МВР, на чие чело е министерот Оливер Спасовски, на својот официјален профил на Фејсбук.