Проектил од рачен фрлач бил испукан ноќеска во локал во трговскиот центар Мавровка во Скопје.

Од МВР информираат дека инцидентот бил пријавен во полиција околу 01.35 часот. Во времето кога бил испукан проектилот угостителскиот објект не работел. Нема повредени лица.

Според пријавеното, посочуваат од МВР, оштетени се стакла од објектот, како и од околните дуќани.

Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.