Осомничениот дилер на дрога Александар Лазаров – Цуна вчеравечер е лишен од слобода во Скопје, потврдуваат од МВР за Курир.
Лазаров пред неколку дена им избега на полицајците од полициската станица во Кочани преку прозорец, а во понеделникот МВР по него распиша меѓународна потерница.
Лазаров, кој на полицијата и’ е познат од порано, бил во полициската станица вечерта во саботата откако го привеле заедно со двајца придружници, поради тоа што, неофицијално полицијата во автомобилот им нашла бела прашкаста материја.




