МВР СЕ ИЗРЕЗИЛИ СО ЛАЖНИТЕ БОМБИ: Полицијата веднаш го ослободи уапсениот Николовски, кој вчера доби лисици на рацете

/ 03.11.2022

Откако портпаролот на МВР, Тони Ангеловски помпезно најави дека е приведен осомничен за лажните дојави за бомби во средните училишта, доцна синоќа приведениот Никола Николовски бил ослободен од полицијата без никаква пријава, објави Курир.

Како што дознаваме, праќачите на заканите за бомбашки напади манипулативно го ставиле името на Николовски и неговиот телефонски број во меиловите со заканите за бомбашки напади, што за полицијата било доволно спектакуларно да го приведи младиот скопјанец и да го вознемирува неговото семејство. Откако повеќе од десет часа Николовски бил задржан во полиција, бил извршен и претрес во неговиот дом, по што тој е ослободен од понатамошно гонење од МВР.

Дваесет и три годишниот скопјанец доби поддршка од многумина на социјалните мрежи, кои ова момче го претставија како успешен пример за околината.

Сепак и покрај евидентноте негодувања на сите кои го познаваат познатиот инстаграмџија кој го користи псевдонимот “Боемот”, партиската структура на СДСМ и порталите верни на владејачката партија ширеа пропаганда дека тој е човекот кој ги праќал мејловите со дојави.

Денеска со реакција се јавија и од тинк тенк организацијата Conservative.mk чиј член е Николовски.

-ОДГОВОРНО ТВРДИМЕ И ДЕМАНТИРАМЕ ДЕКА НАШИОТ ЧЛЕН НИКОЛА ИМА БИЛО КАКВА ПОВРЗАНОСТ СО ОВИЕ НАСТАНИ.

Никола е пред се’ општествено одговорен граѓанин, активист на Conservative.mk кој е активно вклучен во борбата против дезинформациите и fake news, кој со гордост ја претставувал Македонија на многу настани, натпревари и конференции, вклучително и во Европскиот Парламент.

Ова е класичен напад врз слободата на говор, демократијата и начин како да се притиснат неистомислениците. Но, слободната мисла секогаш на крајот победува, па затоа ќе се погрижиме овој настан да биде целосно расветлен пред органите. Вистинските лица кои стојат позади овој нарачан напад мора да понесат целосна одговорност, како и да се осигураме дека во иднина нема да постои можност од повторување на слични настани.

СТОП ЗА РЕПРЕСИЈАТА И ГУШЕЊЕТО НА СЛОБОДНАТА МИСЛА!

ПОДДРШКА ЗА НИКОЛА!, порачаа од Conservative.mk.

МВР: Извршен распит со приведениот за наводна поврзаност со дојавите за бомби

Со лицето кое синоќа беше приведено поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во неколку средни училишта е извршен распит и претрес во неговиот дом.

– Со лицето е извршен службен разговор, во координација со Јавното обвинителство извршен е претрес во дом, одземени се предмети за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот, потврдија од МВР за МИА.

Платформата именувана како Conservative.mk синоќа на нивниот фејсбук-профил објави дека приведеното лице за наводна поврзаност со заканите за поставени бомби кои ги добија неколку средни училишта во Скопје e нивен член и активист Никола Николовски, за кој тврдат дека е неправедно уапсен.

-Одговорно тврдиме и демантираме дека нашиот член Никола има каква било поврзаност со овие настани. Никола е пред се’ општествено одговорен граѓанин, активист на Conservative.mk кој е активно вклучен во борбата против дезинформациите и fake news, кој со гордост ја претставувал Македонија на многу настани, натпревари и конференции, вклучително и во Европскиот Парламент, пишува на нивниот фејсбук статус.

Според платформата, ова е класичен напад врз слободата на говор, демократијата и начин како да се притиснат неистомислениците, затоа ќе се погрижат настанот да биде целосно расветлен пред органите, а вистинските лица кои стојат позади, како што наведуваат, овој нарачан напад да понесат целосна одговорност.

Главната цел на CONSERVATIVE.mk, како што стои на нивната веб страница е обединување на граѓаните кои веруваат во фундаменталните вредности на зголемување и подобрување на квалитетот на демократијата, здравата животна средина, слободниот пазар, класичниот либерализам, конзерватизмот и другите слични заложби и идеологии.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден доби пријави од девет училишта на територија на Скопје дека на нивните електронски адреси добиле порака со закана за поставена бомба, а по завршените антитерористички проверки соопшти оти е утврдено дека станува збор за лажни пријави.

Девет училишта и минатата недела неколку дена по ред на нивните електронските адреси добиваа дојави за бомби, кои по проверката од страна на МВР се потврди дека се лажни пријави.


Од истата категорија