Полициски службеници денеска на различни локации  реализирале низа превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување пожари, за заштита од телефонски измами и кражби. На минувачите, полицајците им поделиле и едукативни материјали во форма на летоци со едукативните препораки.

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес денеска на наплатна станица „Сопот“ на автопатот Скопје-Велес, реализирале сообраќајна превентивна активност на тема „Вози одговорно“. На возачите им било укажано за важноста од управување на возило одморени, бидејќи заморот и падот на концентрацијата се главните причини за предизвикување сообраќајни несреќи во лето. Исто така, им било нагласено дека во овој период, кога е зголемена фреквенцијата во сообраќајот и возачите се упатуваат кон летните дестинации минувајќи стотици километри, од особена важност е да се прават почести паузи во текот на патувањето и да се следат препораките за безбедно возење и почитување на сообраќајната сигнализација.

Исто така, полициски службеници од ПС за БПС при СВР Велес реализирале сообраќајна превентивна активност на тема „Брзото возење загрижува, брзото возење убива“, укажувајќи им на возачите на обврската за прилагодување на брзината според сообраќајната сигнализација и условите на патот и за ризикот што го преземаат доколку не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Полициски службеници од ПС за БПС при ОВР Неготино реализирале сообраќајна превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“, во рамки на која беа потенцирани опасностите од користење мобилен телефон при управување возила и потребата за зголемување на личната, но и безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот.

Полициски службеници од ПК Градско денеска реализирале превентивни активности за заштита од пожари, напоменувајќи им на граѓаните за поголема внимателност во текот на летниот период, особено при извршување земјоделски работи и задолжително пријавување на несовесно однесување. Полициски службеници од ПО Чашка пак, реализирале превентивна активност за заштита од телефонски измами, укажувајќи им на граѓаните секогаш да бидат внимателни при комуникација со непознати лица, да не оставаат лични и податоци од своите платежни картички за да не бидат жртви на овој вид измами. Во рамки на превентивните активности бил поделен печатен едукативен материјал.

Од страна на УПС од ПС за БПС Берово денеска на повеќе локации во Берово е реализирана превентивна активност на тема „Стави појас“. За време на превентивната активност на возачите учесници во сообраќајот им биле поделени и летоци со едукативна содржина во врска важноста за почитување на сообраќајните правила и прописи односно задолжителното користење на појас. Целта на активностите била да се зголеми севкупната безбедност во сообраќајот.

Одделението за превенција при СВР Скопје реализираше превентивно-едукативна активност под мотото „Секој може да биде жртва“ и „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“ на подрачје на ПСОН Чаир. За време на активноста на случајните минувачи им било укажано на начините на превенција, да внимаваат на личните предмети кои ги носат со себе, чанта, мобилен телефон, паричник и вредни предмети како и на предметите кои ги остават во својот автомобил.
Притоа на минувачите им се делел и едукативен материјал во форма на летоци, на кои биле испишани едукативните препораки. Основна цел на активноста е зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.

На подрачјето на ПО Мирковци поточно магистрален пат Блаце преземени се мерките и активности согласно ОА Пожари 2026 со цел рано спречување на пожари, како и запознавање и информирање на граѓаните со позитивните законски регулативи доколку предизвикаат шумски пожари. Притоа за време на активноста на граѓаните им се делел едукативен материјал и биле поставени плакати за заштита од шумски пожари. На граѓаните им се потенцирало потребата од поголема свесност за заштита на шумите од пожари и доколку се забележи пожар на отворено веднаш да се извести на 112.

Полициски службеници од СВР Битола заедно со претставниците од мото клуб „Конзули” од Битола вчера на повеќе локации низ Битола реализирале превентивна активност во насока на поголема безбедност на возачите на моторцикли, четирицикли и велосипеди со мотор како и електричните тротинети, при што во рамки на активноста покрај совети и препораки на учесниците во сообраќај им биле поделени и едукативни материјали.