Полицијата се уште бара кој украде 3.500 литри турбинско масло во кругот на ТЕЦ Неготино минатиот месец, додека МВР мсецов се слика за безбедно лето со граѓаните, а министерот Оливер Спасовски „дејствува еколошки“ и штеди енергија.
Истрагата за случајот од минатиот месец во ТЕЦ Неготино е во тек, потврди денеска за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
-Засега нема конкретни информации што би можеле да се споделат со јавноста, се работи на случајот, рече Самарџиев.
МИА претходно, во месец јули, информираше дека во полиција била пријавена кражба на турбинско масло, во кругот на ТЕЦ „Неготино”.
-На ден 13.07.2022 година во 12 часот, од страна на лицето Н.A е пријавено дека во кругот на АД ТЕЦ Неготино, има кражба на турбинско масло, кое било складирано во резервоар и тоа по нивно интерно мерење, недостасуваат 3.500 литри турбинско масло, рекоа тогаш од СВР Велес.
Во меѓувреме, додека оваа и многу други истраги се во тек, министерот Спасовски и МВР промовираат еколошки акции, како и акции за безбедно лето заедно со граѓаните.
На овие теми објавуваме прилози во изминативе денови: