Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираа дека на повеќе локации трагаат по поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски.

Имено, откако по судска наредба за приведување, полицијата не го пронашла Панчевски во неговиот дом и не бил лоциран, трага по него.

На Панчевски судот му одреди притвор откако девет месеци не се појавил на судењето за случајот АКМИС.