Полицијата денеска околу 10, го лишила од слобода и привеле во Полициска станица Велес Ѓ.К.(31) од Велес, кој вчера пред црквата „Св.Спас“, кај Градските гробишта во Велес, на полициски службеник му го одзел пиштолот и пукал кон него.

Од МВР денеска соопштија дека вчера околу 10.15 часот пред црквата „Св.Спас“ во Велес, на полицискиот службеник Е.М.(46) тој му го одзел службениот пиштол и пукал кон него.

Претходно, тој со уште три лица физички нападнале полициски службеници при преземање на службени дејства. Тројца од напаѓачите беа приведени вчера во полициска станица.

По целосно расчистување на случајот, се вели во соопштението од МВР, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.