И денеска во билтенот на МВР се регистрирани два напада од улични кучиња врз граѓани.

На 27.05.2020 во 17.30 часот во СВР Скопје, К.Д.(61) од Скопје пријавил дека во близина на автобуска постојка на ул.„Лука Геров“ бил каснат од куче скитник.

На 27.05.2020 во 22.40 часот во Полициска станица Чаир, В.М.(53) од Скопје пријавила дека на ул.„Марко Крале“ во Скопје била касната од куче скитник.