Регистрирани се 701 прекршок по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со КОВИД-19.