САМО ШТО ПОЧНАА ДА ЈА УЧАТ АЗБУКАТА: Заразени со Ковид-19 две наставнички во Скопје, а 15 првачиња од ОУ Гоце Делчев се во изолација

/ 07.10.2020

Петнаесет првачиња од ОУ „Гоце Делчев“ од скопската општина Центар од синоќа се во 14-дневна изолација, откако две наставнички се заразиле со коронавирусот, објави ТВ 24 .

Информицијата за ТВ 24 ја потврдиле дел од родителите на децата, а неофицијално, не се исклучува едната наставничка да се заразила од другата.

Велат исплашени се бидејќи освен што постои ризик децата да се заразат, биле и во контакт со бабите и дедовците.

Информацијата за ТВ 24 ја потврди и градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ. Вели дека првачињата се во изолација, а на наставничките им се прави уште еден контролен тест, по што ќе има и повеќе информации.


Од истата категорија