Во Дебар денеска е презетиран проектот на Министерството за внатрешни работи „Спорт – да, дрога –не“. во присуствуваше заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и неговите соработници, како и на градоначалникот Хекуран Дука и командирот на ПС Дебар Арѓент Војника.

Заменик министерот Нухиу пред присустните истакна дека овој проект има за цел да влијае  превентивно во насока на спречување на младите да корисат дрога и други пороци, а повеќе да се занимаваат со спорт.

-Овој проект на МВР се реализира во соработка со  училиштата, бидејќи децата уште од таа возраст треба да знаат дека спортот е потреба на сите млади и токму тоа ги одалечува младите од пороците, кажа Нухиу.

Слична беше и пораката на градоначалникот Дука, кој истакна дека спортот е од огромно значерње за здравиот живот на младите.

По презентацијата во спортката сала следеше фудбалски натпревар на учениците од деветолетките од Дебар и од Тетово.