Вкупно 29 лица на ниво на целата држава изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 22 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Како што соопшти МВР, изминатото деноноќие на на 41 лице им се издадени решенија за изолација, а 16 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.