Во патничко моторно возило „Опел астра“ со скопски регистарски таблици околу еден часот по полноќ на регионалниот пат Радовиш-Штип полицијата затекнала 13 мигранти од Дака, Бангладеш.

Како што денеска информираат од МВР, мигрантите и возачот А.А (26) од Скопје биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Се работи на расчистување на случајот.