На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 17 санкции, 18 мерки за користење на мобилен телефон, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се пет мерки за возење под дејство на алкохол, 16 санкции за непочитување на брзината на движење и 15 мерки за непрописно паркирани возила.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведуваат од МВР.