Вкупно 420 прекршоци за неносење лична заштита на лице се регистрирани во текот на изминатото деноноќие во земјава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Во последниве денови бројот на казнети лиза за неноносење маски е поголем од бројот на регистрирани нови случаи од коронавирусот. И вкупниот број на казнети досега е приближно колку и вкупниот број на регистрирани случаи со Ковид-19 откако почна пандемијата.