Вкупно 926 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 800 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 27 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 398 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 527 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршки клиники имало пет приеми.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало девет примени пациенти и седум билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, a на Клиниката за детски болести имало два приеми. На Институтот за физикална медицина исто така немало примени.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 62 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид – центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 136 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 121 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 111 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 12 пациенти. На Клиниката за детски болести има две деца позитивни на Ковид-19 вирусот и две мајки, а на ГАК има три позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 11 болни.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и изутринава до 8 часот имало 337 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 63 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 62 болни, а во Куманово 63 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 60 пациенти, во Прилеп 49, во ковид – центарот во Гостивар 14, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 54 пациенти, во Кочани 22, во Кичево 15, Кавадарци 26, а во Гевгелија осум лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.