Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа денеска ќе одржи средба со претставници на  Иницијативниот одбор на незадоволните тутунари, Сојузот на здруженија на тутунопроизводители и на откупните компании.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, средбата ќе се одржи во Конгресната сала во Спортски центар „Борис Трајковски“.

По средбата предвидена е изјава за медиумите пред влезот во Конгресната сала во 13:30 часот.

Министерството апелира за време на настанот да се почитуваат препораките на Владата за држење растојание и задолжително носење на заштитни маски.