На врвот на Катскиот Столб, висок 40 метри, во Грузија, се наоѓа стара црква посветена на Максим Исповедник, христијански светец и е направена како дом на пустиници.

Црквата била изградена во деветтиот век и била напуштена шест века. Дури во 1944 година, луѓето прв пат влегле во оваа неверојатна црква во 1944 година.

Деталното истражување траело од 1999 до 2009 година. Откриено е дека во црквата и малот манастир во неа се изградени во деветтиот век, а списите што се наоѓаат во нив датираат од XIII век.

Комплексот бил напуштен во текот на 16 век и до 1944 година немало ниту еден човек.

Катскиот столб е природен варовнички монолит кој се наоѓа во населбата Катска во регионот Имерети во западна Грузија. Висок е приближно 40 метри и е познат како „Столб на животот“ кај локалното население.

Кога бил активен, комплексот бил населен со стилити, христијански аскети кои верувале дека животот на столбот ќе ги изолира од можните искушенија и ќе ги приближи до Бога преку молитва. Нивното верување вклучувало и физичко само казнување при што, тие верувале, дека на тој начин би ја спасиле сопствената душата. Покрај црквата и манастирот, пронајдени се и крипти за погребувања, три ќелии за пустиници и винарска визба.

Комплексот бил напуштен во текот на 16 век и се до 1944 на врвот на Катскиот столб немало ниту еден човек кој што влегол. Но, тогаш на група планинари предводени од Александар Јапардизе и писателот Леван Готу им успеало да се искачат.

Освен рушевини тие пронашле и костур од последниот жител. Подоцна истражувањата кои биле објавени во 2006 год ги поткопале сомнежите дека на ова место се живеел екстремен аскетизам бидејќи бил пронајден вински подрум, кој што им бил на располагање на монасите.

Единствен жител

На катскиот столб живеел само еден човек, а тоа бил преобратениот поранешен затвореник и монах Махим Каватардас кој што одбрал самотнички живот и молитва, исто како и старите Стилити. Во рушевината на црквата тој се вселил во 1993 год и цели 20 години не слегол од столбот.

Спиел во фрижидер за да се заштити од ветерот, дождот и снегот. Во 1995 година тој изградил нова црква на самата карпа и од тогаш животот многу му станал по лесен. Храна му носеле мештаните, а тој два пати неделно се симнувал за да се моли во капелата која што се наоѓала на подножјето на Катскиот столб.

– Овде, во тишина, може да се почувствува Божјото присуство. Кога бев помлад, пиев и продавав дрога. Кога завршив во затвор, знаев дека морам да променам нешто. Пиев со пријателите во ридовите, со поглед на овој столб. Дури и тогаш, чувствував голема почит кон монасите што живееле тука со векови “, рече тој.

Денес никој не живее горе, но црквата редовно ја посетуваат монаси кои живеат во подножјето, а тие дневно се искачуваат и по 20 минути не плашејќи се од тенките железни скалила. Тие велат дека горе се чувствуваат поблиску до Бога.